понеделник, 22 февруари 2010

Нани и ван дер Сар со нови договори

Холандскиот голман, Едвин ван дер Сар изјави дека ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед на една година, додека исто така и на Нани му е понуден нов 4 годишен договор со Манчестер Јунајтед, на кој во моментов се чека само конечниот потпис на Нани.




Во врска со одлуката со која го одолговлекува неговото пензионирање, ВДС изјави: „Сакам да продолжам да играм, затоа потпишав уште еден договор. Клубот сакаше да останам и јас се чувствувам многу кондиционо спремен и ништо не ме сопира да продолжам да играм.“

Додека за Нани, основата по која му беше понуден нов договор беше неговата значително подобрена форма на теренот во последните натпревари во ПЛ откако беше отстранет од тимот на Јунајтед од ноември 2009 поради несовесни изјави во јавноста за Сер Алекс Фергусон.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори