Патрис Евра признава дека Јунајтед се многу изморени поради густиот распоред, но не смее тоа да го прифатиме како оправдание за катастрофалниот пораз од Евертон.

"Сите сме многу разочарани и изнервирани од поразот.Би сакал да се оправдаме со тоа што бевме многу изморени поради натпреварот во ЛШ, но нема да го дадам, за ваков пораз не постои оправдание.Имавме можност да победиме."
"Бевме преморени, многу играчи беа изморени но не го сметам тоа како причината за којашто изгубивме.Сметам дека во нашиот менталитет не сакавме да победиме, имавме енергија но не верувавме доволно дека ќе победиме.Обично кога играме, или еве во последниот натпревар против Милан, во секоја секунда додека сме во дресот на Јунајтед веруваме дека ќе победиме.Денес тоа не се случи и изгубивме."
"Почнавме добро и постигнавме гол, но откако го дадоа израмнувачкиот гол се одеше кон лошо.Не го покажавме најдоброто што можеме и сите сме многу разочарани,исто како и фановите.Но, понекогаш и тоа се случува.Дали сум среќен што имаме натпревар веќе во вторник?И да и не.Од една страна имаме само 3 дена за одмор, но од друга страна треба да покажеме дека сме Јунајтед и да заминеме накај Вембли со 3 бода + во премиер лигата." - заврши Евра.
0 коментари:
Објави коментар