четврток, 25 февруари 2010 г.

Андерсон аут до крај на сезоната

И лошите вести пристигнаа, Андерсон го извиткал лигаментот што се наоѓа на коленото, т.е коските му биле свртени во различни насоки, и со тоа ќе биде во аут 6 месеци



21 годишниот бразилец во редовите на Јунајтед се повреди по само 10тина минути игра во натпреварот со Вест хем и сега испадна многу посериозно него очекуваното - има скршеница на чашката на коленото.

"Мислам дека треба да направам повеќе тестови но се плашам дека се работи за пукнатина.Многу сум разочаран, воопшто немам среќа сезонава." - изјави Андерсон по излегувањето од теренот во 18тата минута.

Инаку повредата којашто ја доби Андерсон е многу слична на онаа која ја имаа Рој Кин и Руд Ван Нистелрој додека беа во Јунајтед и тие останаа во аут од 6 до 9 месеци.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори