Премиер Лига, 28 коло|Вторник, 23ти Јануари|Почеток: 21:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester
Конечно назад во нашето гнездо по 3 тешки гостувања, а најтешко испадна она во Сабота, против Евертон.Победа дома сигурно е потребна и очекувана поради тоа што Вест Хем се борат во долниот дел од табелата, но откако го земаа Мидо и Меккарти изгледаат многу поопасни.Сепак, ако ние играме како против Арсенал или Милан не би требало да има проблеми.
За само 2 натпревари во ПЛ изгубивме огромни 5 поени и на таа сметка Челзи повторно се качија на 4 бода предност, па отсега докрај немаме право на кикс, мора да редиме победа до победа доколку сакаме титула.Со Евертон катастрофална игра, дури примивме и 3 гола.Мора веднаш да се вратиме од тој натпревар, а и играме против тимот кој во последните 6 натпревари на гости има 4 порази и 2 нерешени.
Вест Хем моментално се 13ти со 30 бода помалце од нас и имаат вкупно 9 бода од последните 6 натпревари.За зимскиот преоден рок донесоа неколку опасни нови играчи како Мидо,Илан и МекКарти па заедно со Карлтон Кол во нападот, Диаманти и Бехрами во средината сигурно нема да поминеме лесно.Последниот натпревар им беше против Хул, и победија со 3-0 со головите на Кол,Бехрами и Фобер па сигурно ќе бидат мотивирани и на шампионот да му земат бодови.
Можни состави:
VDS
Rafael - Vidic - Evans - Evra
Valencia - Fletcher - Scholes - Park
Rooney - Berbatov
V
Cole - Mido
Diamanti - Kovac - Parker - Behrami
Tomkins - Spector - Upson - Faubert
Green
Мој тип:
Очекувам тесен натпревар и да ни создадат големи проблеми поради новите играчи коишто ги донесоа, сепак верувам во нашите момци и се надевам на победа.
Јунајтед 3 - 1 Вест Хем.
0 коментари:
Објави коментар