недела, 21 февруари 2010 г.

Велосо повторно на радарот на Јунајтед

Според The Mirror, Сер Алекс Фергусон планира да го донесе талентираниот португалец и специјалистот за слободни удари Мигуел Велосо во Јунајтед во летниот период.


The Mirror во својата статија пишуваат дека Ферги пратил свои скаути на натпреварот од Европа лигата помеѓу Евертон и Спортинг Лисабон и дека уште еден скаут заминал за Португалија каде што ќе се игра реваншот помеѓу овие две екипи.Веќе неколку години се тврди дека Велосо е на радарот на Јунајтед, така да можно е да го видиме и него како Роналдо и Нани во Црвениот дрес.

"Го знаеме Велосо многу добро, уште од кога играше против нас.Одличен играч во средината, со огромен потенцијал." - изјави асистентот Фелан за португалски весник.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори