Премиер лига, 27 коло|Сабота, 20 Февруари 2010|Почеток: 13:30h
Стадион: Goodison Park, Liverpool
Јунајтед ова коло гостуваат на мотивираниот Евертон, најверојано во најлошо можно време, најмногу поради победата која им ја нанесоа на Челзи минатото коло и Спортинг Лисабон во Европа лигата.
Јунајтед се во многу добра форма, можеби и најдобра од целата сезона, со само 1 бод позади Челзи и 1 нерешена само од последните 6 натпревари во ПЛ.Последниот натпревар ни беше против Астон Вила и заврши само со 1-1, и тоа Нани доби црвен картон уште 30та минута.Заедно со Рио и двајцата се суспендирани, додека Гигс сеуште е повреден.Затоа пак, според информациите Видич и Андерсон се враќаат во првиот тим, што е огромен плус за Јунајтед.Преформансите на гости против Арсенал,Вила и Милан дефинитивно ќе не мотивираат нас фановите дека можеме да го победиме и Евертон, којшто докажа дека Гудисон Парк не е лесна тврдина за освојување.
Евертон иако 9то пласирани, сега ја имаат една од нивните најдобри форми со само 1 пораз во последните 5 натпревари.Освен што Вејн се враќа против неговиот поранешен менаџер, не смееме да го заборавиме и Саха којшто помина 4 сезони во црвениот дрес и е во фантастична форма за Евертон, а тоа го докажува постигнувајќи 2 гола против Челзи и вкупно 13 досега во лигата.Добри вести за нас е дека Кејхил се повредил и ќе биде аут 3 недели и заедно со Фелаини коишто им ја држеа целата средина на Евертон ќе бидат аут, па најверојатно Артета и Пиенар ќе бидат единствените проблеми во средината.
Можни состави:
Howard
Neville - Yobo - Distin - Baines
Bilyaltedinov - Cahill - Arteta - Pienaar
Donovan - Saha
V
Rooney
Park - Scholes - Fletcher - Anderson - Valencia
Evra - Vidic - Evans - Rafael
VDS
Мој тип:
Како што кажав претходно на Гудисон сигурно дека нема да биде лесно а и Евертон се во добра форма, но да не забораивме дека Руни е во најдобрата форма во неговата кариера па мислам дека можеме да ги победиме.Ќе биде многу интересно без размислување, многу поранешни соиграчи еден против друг.
Евертон 1 - 2 Јунајтед
0 коментари:
Објави коментар