петок, 16 октомври 2009

Андерсон среќен во Јунајтед

Бразилскиот играч од средниот ред вели дека тој е среќен во Манчестер Јунајтед.


После слабиот старт на Андерсон во овогодинешната сезона во Премиер Лигата, каде настапи само еднаш на првите 4 натпревари, бразилецот полека ја враќа старата форма.

Во септември играчот настапи на 5 натпревари каде и го постигна својот прв официјален гол за Јунајтед во Премиер Лигата на натпреварот со Тотенхем.

Андерсон повторно признава дека тој моментално ужива во клубот.

''Се чувствувам среќен тука. Секој има периоди кога не може да се пронајде себеси, но јас се чувствувам како дома сега. Јас сум во Манчестер веќе 3 години. Сите од клубот се однесуваат одлично со мене. Ние сме како едно големо семејство.''

Оваа изјава на Андерсон особено радува имајќи го предвид фактот дека во летниот преоден рок од клубот заминаа Карлос Тевез и Кристијано Роналдо кои беа блиски пријатели со Андерсон.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори