сабота, 17 октомври 2009

Јунајтед со понуда до Силва,Валенсија во трошоци

Фантастичната тројка во Валенсија, Давид Силва,Давид Виља и Хуан Мата беа поврзувани со големи трансфери во клубови од Премиер лигата и некои поголеми европски тимови, но никој не очекуваше дека ќе успеат да ги задржат сите тројца.


Како и да е, познатиот колумнист Гилем Балаг, од неговиот долг престој во Валенсија, тврди дека финансиските проблеми на тимот се далеку од готови и дека претседателот поставил ултиматум до менаџерот Унаи Емери во рок од 10 месеци на било кој начин да дојде до 50 милиони евра за да може да се анулираат сите задолжувања.

Ако дестинацијата на Давид Виља по се изгледа ќе биде Барселона, помладиот шпанец Давид Силва се повеќе се поврзува со трансфер во англискиот шампион Манчестер Јунајтед.

Агентот на Силва известува дека имаат добиено 2 големи понуди од кои една се верува дека е од англискиот шампион.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори