четврток, 22 октомври 2009

Ферги импресиониран од Акинфеев

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ги подгреа шпекулациите околу можниот трансфер на голманот на ЦСКА Игор Акинфеев во англискиот шампион.


23-годишниот руски голман имаше добар натпревар против Јунајтед, со една извонредна одбрана по ударот со глава на Нани во второто полувреме.

Имајќи во предвид дека најверојатно Ван дер Сар ќе се пензионира на крајот од оваа сезона, а Фостер и Кушчак сеуште не се докажани како голмани кои би можеле да го заменат Холанѓанецот, се повеќе се подгреваат шпекулациите околу Акинфеев како можна замена на голот на Манчестер Јунајтед.

Во изјава дадена после натпреварот Ферги злезе со пофалби до Красиќ и Акинфеев, изјавувајќи го следново: ''Несомнено Красиќ ни создаде проблеми. Тој е многу талентиран играч. Освен овој играч сметам дека и голманот на противникот беше одличен и импресивен'' - изјави Ферги.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори