Голманот на Виљареал, Диего Лопез, вели дека понуда од некој тим од Премиер лигата би било тешко да се одбие.

Извори во Шпанија велат дека Диего Лопез е повторно на метата на Англискиот шампион Манчестер Јунајтед и Сер Алекс Фергусон, кој има проблеми со голманската позиција.
Ван Дер Сар полни 39 години во Четврток, англискиот репрезентативец Бен Фостер не се покажува како достојна замена за Холанѓанецот и не ги исполнува очекувањата од него.Лопез импресионира за Виљареал уште откако замина од Реал мадрид во 2007та и е именуван како една од можните замена за ВДС, меѓу кои се и Акинфеев,Жулио Цезар и Муслера.
27 годишниот Шпанец го имаше своето деби за Шпанската репрезентација во Август годинава и се верува дека за неговите услуги Јунајтед би требало да плати 15 милиони фунти .
"Знам за шпекулациите и понуда од некој тим од Премиер лигата би било многу примамливо" - изјави Лопез за The Sun.
0 коментари:
Објави коментар