понеделник, 12 октомври 2009 г.

Џони Еванс не отпатува за Чешка

Џони Еванс беше повлечен од составот на Северна Ирска, кој требаше да се соочи со Чешката репрезентација во квалификациите за СП 2010, поради повреда на зглобот на ногата.


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс станува осмиот играч што менаџерот на Северна Ирска, Најџел Вортингтон, го повлекува од составот.

Иако сеуште имаат мали шанси за обезбедување бараж место во 3тата група, Еванс не ќе биде таму да им помогне, и остана дома место да отпатува во Прага.21-годишниот се појави во изгубениот натпревар на Виндзор Парк против Словачка, што ќе остави Ирците со многу мали шанси за бараж.

Покрај Еванс, моментално се повредени Харгривс и Руни, додека пак Фостер,Рафаел,Обертан и ВДС се вратени во тимот на Сер Алекс.Сериозноста на повредата сеуште не е позната.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори