вторник, 13 октомври 2009

Ван дер Сар со подршка за Фостер

Ван дер Сар е сигурен дека Бен Фостер ќе се докаже во дресот на Јунајтед.



Фостер го заменуваше повредениот Ван дер Сар за времето додека тој беше повреден, наидувајќи притоа на сериозна критика за неговата прикажана игра во тој период.

Холанѓанецот, кој се очекува да биде подготвен за саботниот натпревар со Болтон, верува дека Фостер ќе успее во клубот, давајќи му притоа целосна подршка на својот колега.

''И јас имав слични проблеми кога бев помлад. Токму тоа те изградува како човек и играч''

''Бен ја поседува потребната сила и карактер за да го надмине овој лош период. Тој е силно момче. Ми се допаѓа и не се сомневам дека ќе успее во тоа''-изјави Ван дер Сар за Manchester Evening News.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори