среда, 14 октомври 2009

Гери Мегсон го брани Сер Алекс


Менаџерот на Болтон, Гери Мегсон даде изјава со која го поддржува и брани Фергусон за неговата постапка кон судиите.


Фергусон, лут од ремито од 2-2 со Сандерленд, го критикуваше судијата Адам Вајли, изјавувајќи дека не е доволно добар судија за да суди во Премиер лигата,твредјќи дека требало некои играчи од Сандерленд да добијат картони.

По овие изјави, Сер Алекс официјално се извини кон Вајли и кон ФА и потенцираше дека немал никаква намера да направи личен напад кон судијата, туку да отвори дебата за судењето во Премиер лигата.

"Ферги неможе да направи ништо повеќе.Во нервоза направи изјава според која мене е многу точна, се извини и беше критикуван поради извинувањето.Но, ако Алан Лејтон(шефот на судиите) мисли дека дека е премногу, и да се извиниш, и да не, пак ќе си добиеш казна" - изјави Мегсон за Manchester Evening News.

Фергусон треба да се врати од краткиот одмор во Њујорк денес, и да оди на разговор со ФА.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори