четврток, 22 октомври 2009

Формата нема да е пресудна на Енфилд

Ливерпул ја имаат најлошата серија во последните 22 години, додека Манчестер Јунајтед освои 22 бода од можни 27, но Рио Фердинанд вели дека тоа нема да игра никаква улога во дербито во недела.


Рио и Јунајтед на мечот ќе пристигнат со голема самодоверба и во добра форма, додека тимот на Рафаел Бенитез изгуби 4 натпревари по ред, два во ЛШ (против Фиорентина и Лион) и два во ПЛ (против Челзи и Сандерленд).

Во врска со натпреварот, Рио Фердинанд изјави: „Мислам дека формата не е фактор во ваквите натпревари. Сите знаеме колку е големо ривалството помеѓу овие два тима, без разлика дали е дерби или меч во некој куп, формата не игра важна улога. Ќе победи оној тим што ќе одигра најдобро тие час и половина и ние се стремиме да го направиме тоа.“

Победа за Манчестер Јунајтед ќе значи оддржување на првото место во ПЛ пред Челзи, кој ако победи во сабота против Блекбурн, за 24 часа ќе ја презема првата позиција, додека пораз за осмопласираниот Ливерпул, 5ти во сезоната, би значел најверојатно крај на надежите за титулата.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори