понеделник, 26 октомври 2009

Обертан ќе дебитира против Барнсли

Традицијата за стартување на кариерата на младите играчи на Јунајтед во Карлинг купот продолжува, Фергусон официјално изјави дека Обертан ќе стартува против Барнсли во Вторник.


Последната наша аквизиција иако потпиша на 8ми Јули, мораше да чека до крајот на Октомври за конечно да го има своето деби за првиот тим, поради повреда.Изигра досега 3 натпревари за резервниот тим.

"Дефинитивно Габриел ќе игра против Барнсли.Чекав да биде 100% опоравен за да го играм во првиот тим, не сакав повредата да му се обнови.Очекуваме многу од него.На само 16 години беше сметан за еден од најголемите таленти во Франција, и бил форсиран да игра цела година со пасивна повреда на ногата.Од тоа што го гледав, заклучив дека многу е брз и може да игра на двете крилни позиции, што ни значи многу во тимот." - изјави Сер Алекс.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори