вторник, 20 октомври 2009

4ца Ѓаволи неизвесни за дуелот на Енфилд

Петорица играчи не отпатуваа во Москва, а само 1 од нив (Евра) е сигурен дека ќе биде фит за дербито против Ливерпул во недела.


Сер Алекс потврди дека Евра, кој мала повреда на петата, ќе биде целосно опоравен во Четврток и дефинитивно ќе игра на дербито против Ливерпул во недела.Но, Јунајтед можно е да играат на Енфилд без Руни,Гигс,Флечер и Џи Сунг Парк.

Треба да се случи чудо за да игра Парк, според Сер Алекс.На него била диагностицирана повреда која би траела 2 недели.Инаку, медицинскиот тим на Јунајтед работи прекувремено за Вејн Руни да игра во Ливерпул.

"Се бориме со се што можеме за Руни да игра.Ќе биде тешка борба но се надевам дека ќе може да игра" - изјави Ферги.

"За Гигс истотака сеуште незнаеме за каква повреда се работи, а Дарен Флечер е истотака неизвесен откако се повреди во репрезентативниот натпревар за Шкотска.Се надевам дека ќе бидат фит овие играчи, бидејќи ќе бидат многу потребни за голем натпревар како што е тој во Недела." - изјави Шкотот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори