недела, 18 октомври 2009

"Притисокот не стигнува до мене" - Диуф

Напаѓачот на Јунајтед кој е моментално на позајмица во тимот од кој што ќе дојде на Олд Трафорд, Маме Бирам Диуф, вели дека трансферот во Јунајтед воопшто не го сменил како играч.


21 годишниот напаѓач играше добро на почетокот на сезоната, но со 4 гола во 12 натпревари, формата за разлика од минатата е изменета.Тој потпиша со Ѓаволите но останува во Молде сезонава, со можност Јунајтед по потреба да го донесат во Јануари.Откако го направи трансферот не игра во истата форма, но тој тврди дека трансферот во тим како Јунајтед не го менува како играч

"Немам никаков контакт со Јунајтед откога потпишав за нив.Ниту сакам да имам, тоа само би ме збунило, моментално сум фокусиран само на Молде и доигрувајќи го остатокот од сезоната.Не ни зборам со соиграчите за Јунајтед,повеќе мислам за тимот отколку за мене.Не се фокусирав ниту да бидам прв стрелец, повеќе гледам тимот да освои некој трофеј." - изјави Маме Бирам Диуф за Nattavisen.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори