петок, 23 октомври 2009 г.

Сколс претпазлив

Пол Сколс вели дека слабата форма на Ливерпул само ќе му помогне на Рафа Бенитез во дуелот на Енфилд во недела.



Ливерпул ги изгубија своите последни 4 натпревари, против Лион,Фиорентина,Сандерленд и Челзи, а тоа пак според Сколси би им било мотивација плус на играчите на Ливерпул да го победат Јунајтед кој е непоразен во сите конкуренции од 19 Август.

"Очигледно е дека имаат мал пад во формата моментално, но во овој натпревар ќе гледаат шанса да ги свртат работите.Всушност, најверојатно ова е најперфектното време за да им гостуваме, за да успеат да се вратат со формата." - изјави Сколс.

Сколс играл 26 пати во својата кариера против Ливерпул и пред неколку дена изјави и дека формата нема да се важи за овој дерби натпревар.Како и да е, Јунајтед дефинитивно ќе отпатуваат во Ливерпул за да ги освојат сите три бода, според Сколс.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори