четврток, 15 октомври 2009 г.

Ферги во контакт со Стивен Дефур

Сер Алекс Фергусон го објавува интересот на капитенот на Белгискиот прволигаш Стандард Лиеж, Стивен Дефур, откако му испратил неколку пораки.


Талентираниот белгиец кој моментално е надвор од терените поради скршеница на ногата, привлече интерес од неколку врвни екипи до сега, како Арсенал,Јунајтед,Ливерпул и Евертон чија понуда од 9мил. фунти беше одбиена летово.

Лиеж не се принудени да го продадат нивниот капитен поради тоа што веќе има потпишано нов договор до 2013 и поради лошата повреда за која ќе биде во аут 6 месеци и нема да смее да прави трансфер во зимскиот преоден рок.

Пораката кон него од Сер Алекс која дошла и до медиумите гласи:

"Драг Стивен, слушнав за твојата тешка повреда и во името на Манчестер Јунајтед ти посакувам целосно и брзо закрепнување од истата.Сигурен сум дека во моментов имаш многу прашања и дека се чуствуваш лошо.Ќе го следам прогресот на твојата повреда и ќе останам во контакт со твојот тим за билокакви новости."

Одговорот стигна експресно од Дефур.

"Писмото беше адресирано кон Стандард и според ова можам да заклучам дека Ферги официјално прикажува интерест.Вниманието е добра работа, но не сакам луѓето да мислат дека веќе сум во Манчестер, не сум ни блиску.Но, ако има понуда, секако дека ќе ја разгледам многу внимателно" - изјави белгиецот за Het Laaste News.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори