сабота, 17 октомври 2009

Фергусон - Рио ќе се подобри

Фергусон е сигурен дека Фердинанд ќе се врати во старата форма, притоа признавајќи дека ова е можеби најтешкиот период за фудбалерот во неговата кариера како играч на Јунајтед.


Фердинанд имаше слаб старт на сезоната како за Јунајтед така и за репрезентацијата, проследен со повреди и неколку слаби натпревари на играчот.

Фергусон признава дека Рио се наоѓа во слаба форма во моментот, но дека верува во него и во неговите можности тој повторно да се врати во старата форма.

''Тој не се нашол во ваква позиција откако е член на Јунајтед. Тоа можеби претставува невообичаено искуство за него, но јас сум сигурен дека тој успешно ќе го преброди овој период'' - изјави Сер Алекс Фергусон

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори