вторник, 13 октомври 2009

Ферги ќе се извини на ФА

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон ќе се извини на ФА во обид да избегне да биде казнет за вербалниот напад на судијата Алан Вајли на натпреварот против Сандерленд.






Шкотскиот стратег го искажа својот гнев кон судијата Вајли по ремито од 2-2 на Јунајтед со Сандерленд на 3 октомври, кога арбитерот го нарече 'неспособен', па и покрај официјалното извинување на Ферги упатено кон Валји, сепак од него е побарано дополнително објаснување за таквиот чин.


ФА му даде краен рок на менаџерот на Јунајтед до петок и формално да се извини, па потоа федерацијата ќе одлучи дали Фергусон ќе биде обвинет за непримерно однесување.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори