вторник, 13 октомври 2009

"Ги одбив Барса и Јунајтед" - Шевченко

Украинскиот напаѓач Андриј Шевченко, тврди дека одбил понуди од Барселона и Манчетер Јунајтед пред 11 години, за да се приклучи на Милан.


Шевченко одигра 7 сезони во Милан, од 1999 до 2006, пред да напраи мега трансфер во Челзи, каде што буквално си ја упропасти кариерата.Неколку пати беше враќан на позајмици во Милан, надевајќи се дека ќе си ја врати својата форма, но безуспешно.Моментално игра за неговиот прв и домашен тим, Динамо Киев.

33 годишниот напаѓач, кој што промаши пенал во првото полувреме на натпреварот Украина - Англија, изјави дека кариерата можело да му биде многу поинаква.

"Имав можност да игра за Барса и за Манчестер кога имав 22 години, но го одбрав Милан.Со нив освоив се, од Лигата на Шампиони до Златната топка(Ballon d'Or).Се гордеам на својата кариера.Ништо не трае засекогаш, имам 33 години и размислувам да се откажам од фудбал.Барем ми се исполни желбата, да ги играм последните минути фудбал на теренот каде што ги изиграв првите" - изјави Шевченко за магазинот "Фокус"

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори