петок, 23 октомври 2009

"Не смее да има потценување" - Видич

Дефанзивецот на Јунајтед, Немања Видич смета дека Шампионите не смеат да влезат во неделното дерби против Ливерпул со потценување поради слабата форма на Ливерпул.


Ливерпул моментално се соочуват со нивната најлоша форма во последните 22 години откако нанижаа 4 порази по ред а Јунајтед неможа да дојдат во полошо време за фановите на Ливерпул.

Ѓаволите влегуваат во натпреварот со победата од 0-1 против ЦСКА во Москва, со што го задржаа 100% ефект во Лигата на Шампионите.Додека пак, Ливерпул, изгубија 1-2 од Лион дома и се мачат да ги поминат групите.Пораз од Јунајтед многу би им ги смалил шансите за титула и во Премиер лигата.

И покрај лошата серија и проблеми кај Ливерпул, и покрај можноста Џерард и Торес да не играат, сепак Видич смета дека никако не смеат да се потценат противниците.

"Не е добро да си премногу самоуверен, но добро е што победивме пред овој натпревар.Си вервуваме многу меѓусебно а тоа според мене е многу важно" - изјави Србинот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори