петок, 30 октомври 2009

Ларсон кажа збогум на фудбалот

Хенрик Ларсон кажа збогум на фудбалот по одигрувањето на последниот натпревар за неговиот моментален клуб Хелсинборг.


38-годишниот швеѓанец во својата кариера постигна вкупно 415 голови играјќи за 5 клубови и тоа Хелсинборг, Феенорд, Селтик, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Ларсон исто така беше и член на шведската репрезентација каде има 100 настапи на кои постигна вкупно 37 голови.

Ларсон во својата кариера освои 4 признанија за играч на годината во шкотскиот шампионат како дел од Селтик, два шампионски трофеи со Барселона и еден тровеј во Лигата на Шампиони како и титула со Манчестер Јунајтед за време на неговата позајмица во англискиот шампион.

На последниот одигран натпревар неговиот Хелсинборг загуби дома од Ѓургарден со 0-2.

По одигрувањето на последниот натпревар Ларсон беше блиску до солзи кога на видео бимот на стадионот се појавија видеа посветени на Алекс Фергусон, Ларс Лагербак и неговиот соиграч од репрезентацијата Златан Ибрахимовиќ.

''За секого е тешко во ваквите моменти. Јас имам смирен карактер, но во овие моменти е тешко човек да не заплаче''.

''Секогаш е убаво да се заврши кариерата на теренот на кој си го одиграл првиот натпревар. Тешко е да се заврши кариерата со пораз, но не може секогаш да се има она што се сака''-изјави Ларсон.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори