Рио Фердинанд реши по многуте критики истакнати во јавноста во врска со неговата игра да изјави дека ќе се врати во неговата препознатлива форма многу брзо.

Рио изјави дека секоја критика му помага да стане подобар играч. „Можам да се справам со критиките и коментарите, но единствените критики кои ги прифаќам се оние на моите менаџери, Сер Алекс и Капело. Луѓето се навикнати да коментираат а по секој коментар јас сум во добивка со тоа што сум подобар играч.“, изјави Фердинанд.
Рио е обвинет и дека во последно време многу други работи (како музиката и филмот кој го копродуцира) повеќе го интересираат отколку фудбалот, но тој изјави: „ Филмот е искуство плус во мојот живот, но фудбалот е мојата пасија. Се надевам дека ќе играм уште едно 5-6 сезони. Сакам да освојам што е можно повеќе трофеи и Јунајтед е вистинското место за да го остварам тоа.“
0 коментари:
Објави коментар