недела, 18 октомври 2009

Гигс и Евра неизвесни за гостувањето во Москва

Сер Алекс Фергусон можеби ќе треба да патува за Москва без Гигс и Евра, откако по натпреварот со Болтон и двајцата се пожалиле на ситна повреда.


Гигс, кој полни 36 години следниот месец, беше повреден на натпреварот со Болтон каде што уште еднаш покажа дека игра како во своите 20ти години.Сер Алекс Фергусон изјави дека тој ги надминал сите лимити и се чини дека со текот на годините станува се подобар и подобар.

Патрис Евра истотака имал мала повреда на ногата и можно е да не отпатува за Москва

"Двајцата се неизвесни, незнам ниту јас дали ќе патуваат за Москва." - изјави Ферги.

Победата над Болтон ги крена Јунајтед на врвот на Премиер лигата повторно, откако требаа да издржат голем притисок од Болтон во последните 15 минути.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори