четврток, 15 октомври 2009

Јунајтед се поблиску до Акинфеев

Рускиот голман на мрежата на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, кој е на метата на Сер Алекс веќе 6 месеци, е најблиску до станување на наследник на Ван Дер Сар.


Сеуште не е официјално ниту сигурно, но се поголема е веројатноста во Декември, Ван Дер Сар да објави дека ја завршува кариерата на крајот на сезоната и да му го отстапи местото на 23 годишниот Акинфеев.

Сер Алекс бара квалитетен голман откако Бен Фостер не го оствари очекувањата со неколку катастрофални грешки кои што го чинеа Јунајтед многу.Се верува дека преговорите ќе започнат откако ВДС ќе каже дали ќе ја завршува кариерата.

Се верува дека ЦСКА веќе одбиле понуда вредна 20 милиони евра за него од друг европски тим, и дека Јунајтед ќе треба да платат голема сума на пари за да го донесат на Олд Трафорд, но како што и тој самиот изјави, можноста за играње во тим како Јунајтед не доаѓа секогаш.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори