понеделник, 12 октомври 2009

Обертан и Рафаел стартуваат за Резервите!

Конечно ќе можеме да го видиме и младиот французин Габриел Обертан на терените.Одбран е во првите 11мина за Резервите во натпреварот против Олдхем во Манчестер Сениор купот.


Францускиот крилен играч го немаше 3 месеци поради повредата на 'рбетот но дефинитивно ќе почне во првите 11 на Оле Гунар Солскјаер за резервите и ќе ја почне неговата кариера како Ѓавол.

Рафаел да Силва истотака се врати по повредата на рамото поради која беше аут цела пред сезона.Тој ќе му се придружи на неговиот брат Фабио, Скот Вотон и Оливер Гил во одбраната.Бен Амос ќе биде голман.

Мети Џејмс,Сем Хјусон,Оливер Норвуд и Роби Бреди ќе бидат во средниот дел на теренот, на кој ќе биде придружен и Обертан како напаѓчки играч од средината.Фебиан Бренди ќе биде осамен во нападот.

Голманот кој е на проба од Порт Вејл, Даниел Лојд Вестон е на клупа заедно со Вилиам Кин,Магнус Еикрем и Џошуа Кинг.Натпреварот започнува во 20:00h а линкови за гледање ќе бидат најверојатно поставени во Четот.



Формација:

Amos
Rafael - Wotton - Gill - Fabio

M.James - S. Hewson - Norwood - R.Brady

Obertan

F.Brandy

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори