понеделник, 19 октомври 2009

Фергусон обвинет за коментарите кон Вајли

Алекс Фергусон е обвинет од страна на ФА за непрописно однесување по коментрите упатени кон судијата Алан Вајли


Менаџерот на Јунајтед еднаш веќе се извини на судијата Вајли, но тоа беше недоволно за да избегне евентуална казна од англиската ФА.

Ферги сега има период од две недели на располагање за да побара сослушување по овој предмет.

Ферги ги изнесе овие коментари после ремито на Јунајтед од 2-2 со екипата на Сандерленд на домашен терен на 3 октомври.

Тој го обвини Вајли ''дека е неспособен да суди таков меч'' и го протолкува движењето на судијата при постигнувањето на вториот гол на Сандерленд како ''едвај да му е потребен одмор''.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори