вторник, 13 октомври 2009

"Вермален ме импресионираше, но Јунајтед ќе бидат шампиони" - Брајан Робсон

Легендата на Манчестер Јунајтед, Брајан Робсон е многу импресиониран од стоперот на Арсенал, Томас Вермален, велејќи дека е еден од најдобрите играчи сезонава, и посочувајќи дека Јунајтед сепак ќе ја освојат четвртата титула по ред.


Поранешниот менаџер на ВБА,Шефилд Јунајтед и Мидлзброу и моменталниот на националниот тим на Тајланд откако беше прашан кој играч најмногу го импресионирал сезонава, тој без размислување го кажа името на стоперот на Арсенал, Томас Вермален.

"Искочи од никаде, секоја чест за Венгер и за овој пронајдок, ќе стане еден од главните играчи на Арсенал во следните години."

"Ако бирам за некој од Јунајтед, тоа дефинитивно ќе биде Патрис Евра" - изјави Робсон.

Робсон истотака предвиде и дека Јунајтед ќе ја освојат титулата и оваа сезона, најмногу поради трансфер банот на Челзи и Африканскиот куп на Нации кој ќе се одигра во Јануари.

"Го гледам Јунајтед како едвај успева да им ја одземе титулата на Челзи, и тоа најмногу ќе биде поради трансфер банот кој го имаат и поради многу главни играчи кои ќе им фалат за време на Африканскиот куп на Нации." - заврши легендарниот играч на Ѓаволите.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори