сабота, 24 октомври 2009

Најава:Ливерпул v Јунајтед


Премиер Лига, 10то коло|Недела, 25 Октомври 2009|Почеток: 15:00h
Стадион: Anfield Road, Liverpool

Конечно пристигнува најголемото дерби во Англија, помеѓу можеби двата најголеми ривали во цела Англија и пошироко, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.Едноставно кажано, пораз на Ливерпул би ја преставил нивната најлоша форма во последните 56 години и би имало 10 поени разлика во корист на Јунајтед.

Ливерпул минатата сезона покажаа колку голем тим се, и колку сериозно можат да се борат за титулата во Англија.Минатата сезона 2 пати го победија Јунајтед, во кои спаѓа и еден од најсрамните резултати воопшто за Јунајтед во сите конкуренции.Како и да е, ние сме во форма, го задржавме 100% рекорд во ЛШ и ја продолживме серијата од 11 натпревари без пораз.Ливерпул пак, сосема спротивно, имаат 4 натпревари изгубени по ред, неизвесни се Торес,Џерард и Џонсон и Бенитез е под голем притисок од управата на Ливерпул.Сепак формата во вакви дуели не се смета, минатата сезона иако ние имавме добра форма, тие лоша, изгубивме 1-4 на Олд Трафорд.Потценување не смее да има, иако сме мали фаворити.

Како што спомнав погоре, Ливерпул имаат проблеми со повредите но и ние не сме којзнае колку подобри.Кај нив неизвесни за настап се Џерард, Џонсон и Торес, а се поочигледно е дека последните 2ца ќе настапат.Аквилани,Риера,Досена и Киргијакос дефинитивно се аут за овој натпревар.Кај нас, Руни и Флечер се неизвесни,Парк дефинитивно нема да игра, а Гигс и Евра се вратија од повредите.

Интересно да се спомене е дека на последните 4 гостувања Јунатјед изгубил 3 пати, последен пат победил против Ливерпул со 1-0 во 2007.Рајан Гигс има дадено 99 гола а Пол Сколс 98, би било убаво ако можат да стигнат до 100ката утре.Керик утре ќе го има 100тиот настап за тимот, додека пак Бербатов и Евра 100тиот настап во Премиер лигата.

Најдобар стрелец кај нас е Руни со 7 гола од кои 6 во Премиер лигата, кај нив е Торес со 8 гола, сите во Премиер лига.

Можни состави:
Reina

Johnson - Carragher - Agger - Aurelio

Mascherano - Lucas - Benayoun - Babel

Torres - Kuyt

V

Rooney - Berbatov

Nani - Giggs - Fletcher - Valencia

Evra - Rio - Vidic - O'Shea

Van Der Sar


Мој Тип:
Ливерпул 1 - 1 Јунајтед

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори