Питербороу Јунајтед го позајми голманот на Манчестер Јунајтед, Бен Амос, на еден месец, како замена за првиот голман, суспендираниот Џо Луис.

19 годишниот голман уште во сабота ќе го има своето деби за Питербороу на натпреварот против Барнсли од Чемпионшип дивизијата. Менаџерот на Питербороу, инаку син на Сер Алекс, Дарен Фергусон, за Амос вели дека тоа ќе биде голем ден и дека верува во неговите голмански способности.
„Тој ми е добро препорачан. Мојот татко има многу високо мислење за него.“, изјави Дарен Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар