понеделник, 12 октомври 2009

Руни повреден

Вејн Руни е повлечен од составот на Англија за натпреварот против Белорусија во среда поради повреда на мускулот на ногата.


Руни ги изигра сите 90 минути за Англија во поразот од 1-0 од Украина во Саботата и беше опишан како "неверојатен" од страна на Фабио Капело.Но, тој се врати во Манчестер поради повреда на мускулот на ногата, откако беше така советуван од медицинскиот тим на Англија.

Јунајтед се надеваат дека повредата не е многу сериозна бидејќи пред нив имаат тешка недела со натпревари против Болтон,ЦСКА Москва и Ливерпул.

"Националниот тим на Англија тренираа во неделата по натпреварот со Украина.Но, по извршениот преглед на неговата нога, Руни беше советуван да се врати во Манчестер." - изјави ФА на нејзината официјална страна.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори