петок, 16 октомври 2009

Најава:Јунајтед v Болтон



Премиер Лига, 9то Коло|Сабота, 17 Октомври 2009|Почеток: 16:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Конечно завршија интернационалните натпревари и конечно недела исполнета со Премиер лигашки фудбал.Да се потсетиме.Моментално сме втори на табелата под Челзи, но со многу примени голови и, сега за сега катастрофална одбрана.Ни беше многу тешко да чуваме мрежата недопрена сезоната и Фостер бранеше полошо од времето од Бартез.Рајан Гигс дефинитивно беше играч за месец Септември, без никакво сомнение.Не играше против Сандерленд за да си го добие заслужениот одмор и се виде колку фалеше.Не игравме добро без него и по интернационалните настапи сигурно ќе игра во првиот состав против Болтон.Нани и Валенсија сеуште се немаат сеуште доволно уиграно па сега е шансата да искористат тоа.Да не заборавиме дека во текот на следните 10 дена играме уште 2 многу важни натпревари, кои освен овој со Болтон се со ЦСКА на гости и со Ливерпул на гости, така да Сер Алекс сигурно ќе гледа да одмора неколку играчи сега или во дуелот со ЦСКА, така да се надеваме дека Обертан и Тошиќ ќе бидат повикани за некој од натпреварите.Бербатов вчера доби ќерка и не отпатува за Англија така да најверојатно ќе бидеме без него истотака.Руни нема да игра поради мала повреда а ВДС и Рафаел се вратени од повредите.

Болтон пак, немаат добар старт со само 2 победи во 7 изиграни натпревари сезонава.Но, изиграа фантастично против поголеми тимови како Ливерпул и Тотенхем и им нанесоа големи проблеми.Тие не се погодени премногу од интернационалната пауза поради тоа што малку играчи се повикани за репрезентациите.Истотака имаат и голема инспирација, бидејќи не изгубија во ниеден од последните 4 натпревари.Последниот натпревар меѓу Јунајтед и Болтон беше игран на 17 Јануари, на Рибок стадионот и Јунајтед победи со 1-0.

Формата на Јунајтед: W W W W D
Формата на Болтон: L W D W D

Повредени играчи

Јунајтед
В.Руни | Истегнување на листот | Отсуствува само на овој натпревар
О.Харгривс | Повреда на колената | 3ти Ноември '09

Болтон
Ј.Елмандер | Повреда на ногата | Многу неизвесен за овој натпревар
С.Дејвис | Скршеница на коленото | Јуни '10
Џ.О'Брајан | Повреда на коленото | Непознато

Можни состави
VDS

O'Shea - Vidic - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Anderson - Nani

Giggs
Owen

V

Lee - Davies

Taylor - Muamba - Cohen - Gardner

Samuel - Cahill - Knight - Ricketts

Jaaskelainen


Мој тип
Јунајтед 3-0 Болтон

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори